• e diel, 23 mars 2025

Општина Неготино одвои 300.000 денари помош за семејствата на настраданите во Кочани

Општина Неготино одвои 300.000 денари помош за семејствата на настраданите во Кочани

Неготино, 21 март 2025 (МИА) - Општина Неготино одвои 300.000 денари помош за семејствата на настраданите во Кочани, информираше денеска градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов. 

Со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката во Кочани почна денешната вонредна седница на Советот на општина Неготино.

- На дневен ред се најде само една точка, предлог-решение за обезбедување финансиски средства од буџетот на општина Неготино за 2025 година за помош на семејствата на настраданите граѓани во пожарот во Кочани. Советниците едногласно одлучија општина Неготино од сопствениот буџет да одвои средства во висина од 300.000 денари, што ќе бидат наменети за поддршка на семејствата на настраданите граѓани, кои ги загубија животите во страотниот пожар во Кочани, соопшти Стојанов. свд/мд/

Фото: МИА архива 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR