• e shtunë, 22 mars 2025

Општина Струга најави инспекциски контроли во угостителските објекти

Општина Струга најави инспекциски контроли во угостителските објекти

Струга, 21 март 2025 (МИА) - Општина Струга денеска најави дека градоначалникот Рамис Мерко ќе иницирал координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во Општината во сите локали и деловни објекти што вршат услужни и дејности од областа на угостителството и туризмот.

Општината ги известува сопствениците на деловните објекти дека се должни, на лице место да имаат подготвено оригинали или фотокопии од одобренија за вршење дејност и поставување урбана опрема, елаборат за поставување урбана опрема, тековна состојба, имотен лист за деловен објект, елаборати за заштита на животната средина, заштита од пожари, лична карта на одговорно лице, телефонски број, лице за контакт и службен е-маил .

- Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Треба да имаат и фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз сите локали на територијата на општина Струга, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат решение за отстранување недостатоци согласно закон, како и прекршочен платен налог, стои во информацијата на Општина Струга.

Доколку се најдат неправилности, а инспекторот констатира дека е надвор од негова надлежност, според наведеното, ќе се состават записници, кои ќе бидат испратени за натамошна постапка до надлежен инспектор. сс/дма/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR