• e shtunë, 22 mars 2025

Асфалтиран уште еден километар од алтернативниот пат кон Калин Камен во кривопаланечко

Асфалтиран уште еден километар од алтернативниот пат кон Калин Камен во кривопаланечко

Крива Паланка, 21 март 2025 (МИА) - Во Крива Паланка денеска е завршено асфалтирањето на дел од патниот правец Б’с – Кошари, алтернативен пат кон туристичкиот локалитет Калин Камен. 

-Ова е уште еден дополнителен километар од патот, за што се вложени 14.000.000 денари, за изградба и асфалтирање на крак од локалниот пат Крива Паланка – Варовиште – Кошари – Б’с. Средствата се обезбедени преку Биро за регионален развој, а со овој километар се завршени 50 отсто од целиот проект за изградба на патно поврзување до Калин Камен и развој на туризмот, бидејќи општината има изработено проектна документација за целиот пат,во должина од шест километри. Со претходни проекти на локалната самоуправа беа асфалтирани 2 километри, со вложени 13 милиони денари, што значи, досега за овој патен правец инвестирани се вкупно безмалку половина милиони евра, посочуваат од општината.

Целта на општината е континуирано да вложува во создавање услови за развој на туризмот во Крива Паланка, а кон тоа значаен придонес има и подобрата патна инфраструктура. ид/дма/


Фото: Општина Крива Паланка 

QËNDRONI TË LIDHUR