• e enjte, 05 mars 2026

„Жените и фотографијата 2026“ во Куманово

„Жените и фотографијата 2026“ во Куманово

Куманово, 5 март 2026 (МИА) - По 13-ти пат во пресрет на меѓународниот ден на жената фотоклубот „Куманово“ вечер со почеток во 19.30 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе ја отвори националната изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“, информираа денеска од клубот. Станува збор традиционален настан посветен на креативноста, талентот и визијата на жените во фотографијата.

- И оваа година, во пресрет на Осми март – Светскиот ден на жената, изложбата продолжува да биде силна платформа за афирмација на женското фотографско творештво во Македонија. Фотографијата е глас, емоција и лична приказна. Преку објективот, жените авторки создаваат дела исполнети со длабочина, сензибилитет и силна визуелна порака, градејќи препознатлив и автентичен израз- најавија од фотоклубот.

На овогодишното издание пристигнале над 250 фотографии од учеснички од повеќе фото клубови ширум земјата. По селекцијата избрани се 80 дела кои ја претставуваат современата женска фотографска сцена – моќна, искрена и инспиративна. 

-„Жените и фотографијата“ не е само изложба, туку прослава на еднаквоста, уметноста и истрајноста. Ве покануваме да бидете дел од оваа приказна и заедно да ја почувствуваме силата на женската визија-повикаа од клубот.

Изложбата ќе биде поставена до 18. март годинава. ам/

Фото НУЦК 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR