• e premte, 06 mars 2026

Хоџа: Во тек е реализација на првата фаза од проектот за изградба на регионални депонии

Хоџа: Во тек е реализација на првата фаза од проектот за изградба на регионални депонии

Струга, 5 март 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа информира дека е во тек реализацијата на првата фаза од проектот за иградба на регионални депонии.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струга, појасни дека е во тек предавање на машини и опрема на општините.

- На 5 јануари на промоција на проектот, најавив дека за шест месеци ќе заврши целата постапка за објавување на огласот и очекуваме во рамките на рокот огласот да биде објавен и да се избере економски оператор кој ќе го реализира, изјави Хоџа.

Отпадот од Општина Струга ќе се транспортира во Новаци по изградбата на регинален центар кој ќе ги покрива Југозападниот и Пелагонискиот Регион. сс/вј/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR