• e premte, 06 mars 2026

Симонофски и Попивода разговарале за можностите за зајакнување на соработката и афирмирање на македонскиот идентитет

Симонофски и Попивода разговарале за можностите за зајакнување на соработката и афирмирање на македонскиот идентитет

Дебар, 5 март 2026 (МИА) - Претседателката на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, Елена Симонофски, во рамки на зацртаните програмски активности денеска попладне оствари средба со Ема Попивода, директорка на македонскиот културно - информативен центар (КИЦ) во Тирана. 
 
-Средбата мина во отворен и конструктивен разговор за бројни прашања поврзани со културниот и општествениот живот на македонската заедница во Албанија, за нашите предизвици, но и за можностите за зајакнување на соработката и афирмирање на нашиот идентитет, информираше Симонофски. 
 
Додаде дека на средбата разговарале за важноста од зачувување и промоција на македонскиот јазик, културата и традицијата, како и за потребата од организирање повеќе културни, уметнички и општествени активности.

-Преку вакви активности со гордост ќе го промовираме македонскиот дух, нашите вредности и нашето богато културно наследство, а ваквите средби се доказ дека кога постои искрена волја за дијалог и соработка, можеме да создадеме нови иницијативи и конкретни чекори во интерес на нашата заедница, посочи Симонофски. 
 
Таа, како што кажа,  изразила посебно задоволство за многу плодна средба со директорката Попивода, заблагодарувајќи се за одвоеното време, идеите и посветеноста. вт/вј/

Фото: Симонофски Фејсбук

QËNDRONI TË LIDHUR