ЦУК:Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
- Центарот за управување со кризи информира дека во населбата Маџари, кај црквата позади пругите, пријавено е дека лице гори кабли при што се создава густ црн чад.
- Post By Ангела Рајчевска
- 18:12, 5 mars, 2026
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи информира дека во населбата Маџари, кај црквата позади пругите, пријавено е дека лице гори кабли при што се создава густ црн чад.
Оттаму велат дека противпожарната бригада и полицијата се веќе упатени кон местото на настанот.ар/вј/
Фото:ЦУК