Хоџа и Ќура извршија увид на градежните активности за замена на азбестни цевки на водоводната мрежа во Струга и колекторскиот систем Радожда - Елен Камен
- Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа и градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска извршија увид во реализацијата на проектот за замена на азбестните цевки од водоводната мрежа во Струга во должина од шест километри.
Струга, 5 март 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа и градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска извршија увид во реализацијата на проектот за замена на азбестните цевки од водоводната мрежа во Струга во должина од шест километри.
Вкупната вредност на првата фаза од проектот, како што информира Хоџа, е околу 90 милиони денари, средства обезбедени од ЕИБ, преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Денеска ќе извршиме увид и на вториот проект, односно изградба на колекторскиот систем од Радожда до Елен Камен, за што се обезбедени 27 милиони денари, средства од Министерството за животна средина и просторно планирање, истакна Хоџа.
Градоначалникот Ќура заклучи дека се работи интензивно на реализацијата на проектите посочувајќи дека разговарале за идна соработка и поддршка од министерот Хоџа. сс/вј/
Фото: МИА