• e premte, 06 mars 2026

Попови: Виното „My story“ прогласено за најдобро црвено вино од Македонија на најголемиот светски вински натпревар во Германија

Попови: Виното „My story“ прогласено за најдобро црвено вино од Македонија на најголемиот светски вински натпревар во Германија

Кавадарци, 5 март 2026 (МИА) - Виното „My story“ е прогласено за најдобро црвено вино од Македонија и регионот, на најголемиот светски вински натпревар во Германија, информираа денеска од семејната винарија „Попови“ од Кавадарци.

- Се работи за најголем светски вински натпревар, „Mundus Vini 2026“. На натпреварот учествуваа над шест илјади вина од целиот свет, во повеќе категории. Оценувањето го вршеа 150 врвни вински експерти. Македонија има одлична географска положба за производство на црвени вина. Овде секоја винарија се гордее со своите црвени вина. Конкуренцијата е огромна и само нијанси одлучуваат за победникот. Оваа година, наградата ја освои ова вино, но, рекле, со вистински карактер, во кое грижливо се споени винските сорти на грозје, „вранец“, „каберне совињон“ и „мерло“. Зреено, одлежано е во барик буриња 12 месеци, појаснија Весна и Гоце, сопственици на винскиот подрум „Попови“.

Тие изразија задоволство, што, како што истакнаа, многубројните награди за нивните вина, се потврда за грижливата работа, посветеноста и континуираната едукација.

- Наглрадите се и доказ дека ова е вистинскиот правец, правецот во кој оваа мала винарија од срцето на Тиквешкиот Регион се развива во вистинска насока. Македонија има што да покаже, нагласија Попови. свд/вј/

Фото: Приватна архива на Попови 

QËNDRONI TË LIDHUR