• e enjte, 26 dhjetor 2024

Германскиот Парламент в понеделник ќе гласа за доверба на Владата на барање на Шолц

Германскиот Парламент в понеделник ќе гласа за доверба на Владата на барање на Шолц

Берлин, 13 декември 2024 (МИА) – Германскиот Парламент в понеделник ќе гласа за доверба на владата, по барање на канцеларот Олаф Шолц, чија намера е да му биде изгласана недоверба што е услов за распишување предвремени избори.

Според германскиот Устав, одлуката за одржување вонредни сојузни избори не може да ја донесат пратениците во Бундестагот, ниту канцеларот. Предвремено распуштање на парламентот може да се случи само на два начина.

Во првиот случај, доколку кандидатот за канцелар не добие парламентарно мнозинство, најмалку 367 гласови во Бундестагот со 733 места, германскиот претседател може да го распушти парламентот, но тоа никогаш не се случило во историјата на Сојузна Република Германија.

Во вториот случај канцеларот може да побара гласање за доверба во Бундестагот, за да види дали има доволна поддршка од парламентот. Доколку не добие мнозинство, тој формално бара од претседателот да го распушти Бундестагот во рок од 21 ден.

По распуштањето на парламентот, изборите мора да се одржат во рок од 60 дена. Во Сојузна Република Германија досега трипати се организирани предвремени избори – во 1972, 1983 и 2005 година. јт/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR