Казахстанската влада „не може да потврди, ниту да демантира“ дека Русите го собориле патничкиот авион
- Казахстанската влада соопшти дека засега нема официјално објаснување за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во кој вчера загинаа 38 лица.
Астана, 26 декември 2024 (МИА) – Казахстанската влада соопшти дека засега нема официјално објаснување за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во кој вчера загинаа 38 лица.
Заменик-премиерот на Казахстан рече дека владата не може ниту да потврди ниту да негира дека авионот паднал откако над Чеченија бил погоден од проектил од рускиот систем за противвоздушна одбрана.
Американски функционер претходно за Ројтерс изјавил дека постојат индиции дека авионот на Азербејџан ерлајнс кој се урна вчера во Казахстан бил погоден од рускиот противвоздушен систем.
Функционерот, кој сакал да остане анонимен, додал дека ако индициите се покажат како точни, тие ќе ја истакнат негрижата и непромисленоста на Русија во војната против Украина. јт/
Фото: ЕПА