• e premte, 27 dhjetor 2024

ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани

ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани

Москва, 27 декември 2024 (МИА) – Американскиот државјанин Еуген Спектор е осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци за руски државјани за Пентагон, објави денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Според ФСБ, Спектор собирал и пренесувал доверливи биотехнолошки и биомедицински информации, вклучително и државни тајни, на странски субјекти поврзани со Пентагон. Целта била да се создаде систем за генетски скрининг за руските граѓани.

Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134.000 евра).

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението.

Спектор, Американец со руско потекло, исто така беше осуден во септември 2022 година на 3,5 години затвор за корупција. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR