• e premte, 27 dhjetor 2024

Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер

Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер

Атина, 27 декември 2024 (МИА) – Поради силниот ветер што достигнува до осум и десет Бофори, односно над 40 километри на час, од утрово во сила е забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа меѓу кои и трите атински, јави дописничката на МИА од Атина.

Бродовите и траектите останаа закотвени на пристаништата во Лаврио, Рафина и најголемото Пиреа во Атина, а единствено сообраќаат оние што пловат кон малите острови во близина на грчката метропола.

Веќе неколку дена Грција е зафатена од невремето „Елена“ што донесе обилни врнежи од дожд во областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Евија, како и снег на планините.

За помалку од 24 часа, од средата вечерта до вчера попладне, противпожарната служба примила над 100 повици во областа Атика. ср/

QËNDRONI TË LIDHUR