• e premte, 27 dhjetor 2024

Иран и Хамас ги осудија израелските напади врз Јемен

Иран и Хамас ги осудија израелските напади врз Јемен

Техеран, 26 декември 2024 (МИА) – Иран вечерва ги осуди израелските напади врз Јемен, нарекувајќи ги „нарушување на мирот и безбедноста“.

Палестинската терористичка организација Хамас, која води војна против Израел во Појасот Газа, исто така денеска ги осуди израелските напади врз бунтовниците Хути во Јемен.

- Тие агресии се јасно кршење на меѓународниот мир и безбедност и непобитен злостор против херојскиот и благороден народ на Јемен, кој не штедеше напор да го поддржи угнетениот народ на Палестина против окупацијата и геноцидот, се вели во изјавата на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакеи.

- Хамас ја осудува бруталната терористичка агресија извршена од страна на ционистичкиот непријател врз нашите браќа во Јемен, насочени кон цивилни места, вклучувајќи го аеродромот во Сана и пристаништето Ходеида, се вели во соопштението на Хамас. јт/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR