• среда, 24 декември 2025

Ќе се гради нов спортски комплекс во Нова Битола

Ќе се гради нов спортски комплекс во Нова Битола

Битола, 24 декемвро 2024 (МИА) - Општина Битола одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во Нова Битола. Според предложениот план, во Нова Битола ќе се градат нов спортски комплекс, детска градинка и старски дом, информираа од локалната самоуправа.

-На денешната јавна презентација граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со предлог-планот и активно да се вклучат со свои идеи, предлози и забелешки. Овој план претставува визија за модерен, функционален и хуман простор кој носи иднина за Нова Битола преку изградба на нов спортски комплекс, градинка, старски дом, плоштад и јавни содржини, посочија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Јавната анкета ќе се одвива до 16 јануари 2026 година, а заинтресираните може повеќе информации да добијат на интернет страницата на Општина Битола.мт/вј/

Фото: Општина Битола

 

Остани поврзан