• вторник, 31 март 2026

Јужна Кореја предложи околу 15 милијарди евра за ублажување на последиците од војната на Блискиот Исток

Јужна Кореја предложи околу 15 милијарди евра за ублажување на последиците од војната на Блискиот Исток

Сеул, 31 март 2026 (МИА) – Јужнокорејската влада денеска предложи дополнителен буџет од околу 15 милијарди евра за поддршка на потрошувачите и претпријатијата погодени од војната на Блискиот Исток.

Наглиот раст на цените на нафтата предизвикан од војната, која САД и Израел ја почнаа против Иран на 28 февруари, ги зголеми ризиците за растот и инфлацијата на четвртата најголема азиска економија, која исто така е четврти најголем увозник на нафта во светот, со 70 отсто од купувањата се од Блискиот Исток.

Ова е втор дополнителен буџет за помалку од една година под администрацијата на претседателот Ли Џе Мјунг, кој се обврза дека ќе води експанзивна фискална политика за да го стимулира економскиот раст, од стапувањето на должност минатиот јуни.

- Покрај економските податоци, тешкотиите и стремежите кои ги чувствуваат нашите луѓе и претпријатија се полоши од кога било – рече министерот за буџет Парк Хонг-кеун и додаде дека е важно да се има превентивни мерки. јт.мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан