• вторник, 30 декември 2025

Јаневска: Во образованието годинава постигнавме придвижување од кое засега имаме мали, бавни, но сигурни ефекти

Јаневска: Во образованието годинава постигнавме придвижување од кое засега имаме мали, бавни, но сигурни ефекти

Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Очекувам тие што го даваат легитимитетот на Владата да кажат дали се задоволни и, првенствено, наставниците, родителите, учениците и експертската јавност, од она што го правеше Министерството за образование и наука,  изјави министерката Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање како е задоволна од 2025 во образованието. 

Посочи дека лично е задоволна од тоа што со нејзиниот тим успеала да придвижи процеси што биле во застој од кои, рече, засега има „мали, бавни, но сигурни ефекти“ и очекува тие да станат во иднина повидливи. 

-Но, ако мене ме прашате лично како министер, мислам дека заедно со мојот тим сработивме многу и успеавме да придвижиме нешто што долги години стоело во место. Тоа придвижување засега дава мали, бавни, но сигурни ефекти и очекувам во идните години да се забрза и ефектот да стане повидлив, рече  за медиумите Јаневска која денеска учествуваше на конференција посветена на формалното образование за ученици на подолго болничко лекување. хс/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан