• четврток, 25 декември 2025

Јавна дебата на Општина Аеродром со граѓански организации за утврдување на локалните приоритети

Јавна дебата на Општина Аеродром со граѓански организации за утврдување на локалните приоритети

Скопје, 22 декември 2025 (МИА) – Во организација на Општина Аеродром денеска ќе се одржи јавна дебата со граѓанските организации за утврдување заеднички приоритети и создавање поинклузивни локални политики за сите жители на територијата на општината.

Како што се наведува во соопштението од Општина Аеродром, дебатата претставува подготовка за новиот јавен повик што ќе биде објавен на почетокот на 2026 година во рамките на проектот што општината го реализира со Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), финансирана од Европската Унија и спроведувана преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Целта на настанот е заедничко обликување на приоритетите пред нивно финализирање и обезбедување транспарентен и инклузивен процес за идните иницијативи што ќе придонесат за унапредување на локалната заедница.

Меѓу предложените приоритетни области се климатските промени, животната средина, социјалната инклузија, вклучувањето на младите во локалното одлучување, како и унапредувањето и промоцијата на уметноста и културниот развој. ра/мд/

Фото: Општина Аеродром

 

Остани поврзан