• вторник, 21 април 2026

Штрајк, протести и блокади на Западниот Брег по новиот израелски закон кој предвидува смртна казна за Палестинци

Штрајк, протести и блокади на Западниот Брег по новиот израелски закон кој предвидува смртна казна за Палестинци

Рамала, 1 април 2026 (МИА) - Генерален штрајк денеска парализираше голем дел од јавниот живот на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, а е организиран во знак на протест против новиот закон во Израел што предвидува смртна казна како стандардна пресуда за Палестинци осудени за смртоносни терористички напади, јави ДПА.

Штрајкот, одржан денеска, беше на повик од движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и, според очевидци, бил широко почитуван. Организаторите ги повикаа граѓаните да избегнуваат судири со израелските војници на контролните пунктови.

Израелскиот парламент во понеделникот го усвои законот со тесно мнозинство.

Со него се предвидува дека смртна казна или доживотен затвор може да бидат изречени за убиства мотивирани од тероризам насочени кон уништување на државата Израел.

Во вакви случаи, смртната казна ќе биде задолжителна за израелските воени судови на палестинските територии.

Законот сега треба да биде разгледан од Врховниот суд на Израел, а меѓународните реакции досега се претежно критички.

Пратеници од опозицијата ја обвинија десничарската религиозна влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека свесно му наштетува на меѓународниот углед на Израел со ова законско решение, иако истовремено признаваат дека Врховниот суд најверојатно ќе го поништи. ссм/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан