Штип УГД прв финалист во македонскиот одбојкарски Куп
- Одбојкарите на Штип УГД се првите финалист во македонскиот Куп во машка конкуренција, откако вечерва во првото полуфинале од завршниот турнир во Скопје триумфираа над Струмица со 3-0 во сетови.
Скопје, 27 март 2026 (МИА) – Одбојкарите на Штип УГД се првите финалист во македонскиот Куп во машка конкуренција, откако вечерва во првото полуфинале од завршниот турнир во Скопје триумфираа над Струмица со 3-0 во сетови.
До своето трето едноподруго Куп финале, одбојкарите на Штип УГД дојдоа во доминантен стил, препуштајќи му на противникот само 47 поени во трите сета.
Противник на Штип УГД во утрешното финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел во кој вечерва ќе играат Борец и Работнички.
Во увертира на машкото финале, за трофејот во женска конкуренција ќе играат Вардар ЕМ и Наковски волеј со почеток во 17:30 часот. ег
ФОТО: ОФМ