Шмит по средбата со Ван дер Белен: Неразбирливо е како БиХ не користи милијарда евра за развој
- Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, по денешната средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, порача дека европските интеграции на земјата мора итно да се придвижат напред, но изрази неверување поради неискористените развојни средства. Шмит му се заблагодари на австрискиот претседател за неговиот ангажман и за поддршката од Австрија, осврнувајќи се притоа на актуелната состојба во земјата.
Сараево, 15 април 2026 (МИА) – Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, по денешната средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, порача дека европските интеграции на земјата мора итно да се придвижат напред, но изрази неверување поради неискористените развојни средства. Шмит му се заблагодари на австрискиот претседател за неговиот ангажман и за поддршката од Австрија, осврнувајќи се притоа на актуелната состојба во земјата.
- Еден дел од процесот е дека европските интеграции мора итно да се поместат напред. Не успеав да му објаснам на претседателот како е можно земја која на располагање има милијарда евра за развој, да не е во состојба да дојде во позиција да располага со тие пари - изјави Шмит.
Тој додаде дека останува обврска на политичарите во БиХ да и покажат на меѓународната заедница дека самите преземаат конкретни чекори.
- Одлуката не е во рацете на меѓународната заедница, туку во рацете на гласачите во БиХ и на политичарите. Можам само да кажам дека е добар чувството што во иднина БиХ мораме да ја гледаме во рамките на европските интеграции. И понатаму ќе продолжиме да се залагаме за оваа тема - заклучи високиот претставник. ссм/јт/
фото: архива