• понеделник, 29 декември 2025

Шест ученици се вратиле од странството или од соседните општини, а четири си заминале во првото полугодие во Карбинци

Шест ученици се вратиле од странството или од соседните општини, а четири си заминале во првото полугодие во Карбинци

Карбинци/Штип 29 декември 2025 (МИА) – Во првото полугодии во Општинското основно училиште (ООУ) „Страшо Пинџур“-Карбинци се запишале шест ученика, кои со своите родители се вратиле од странство или пак се населиле во Општина Карбинци од соседните општини. Директорката на ООУ „Страшо Пинџур“, Наталија Костова вели дека меѓу учениците имаат повратници од Австралија и Германија.

-Крајот на првото полугодие ќе го завршат 400 ученика, но позитивно е што имаме прилив на шест дечиња, додека четири деца си заминале. Имаме дечиња што доаѓаат од Австралија, Германија и дечиња од соседните општини, изјави Костова.

Таа додаде дека  постојано се работи на унапредување на условите за учениците и наставниците, со цел да се понуди квалитетно основно образование за сите деца. Се инвестира во уредување на внатрешноста на самите училишта, реконструкција на истите, промена на начинот на греење, со што се добиваат модерни и уредени образовани институции.

Снежана Санева раководител на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип вели дека вкупниот број на испишани ученици од основните и средните училишта е 88, а додека новозапишани ученици од септември до крајот на првото полугодие од учебната 2025-2026 година е 40 ученици од други училишта. вдј

Фото: МИА 

Остани поврзан