• четврток, 25 декември 2025

Променливо облачно, магла во котлините

Променливо облачно, магла во котлините

Скопје, 18 декемврио 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

УХМР најави дека до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност, додека во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд. лв/бак/

фото: МИА архива 

Остани поврзан