• сабота, 21 февруари 2026

Честитка на Гаши по повод Денот на независноста на Република Косово

Честитка на Гаши по повод Денот на независноста на Република Косово

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитки до граѓаните и институциите на Република Косово по повод Денот на независноста.

- Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава. Република Северна Македонија и Република Косово уживаат одлични односи - вели Гаши во честитката.

Нашите соседски, општествени и историски врски, како што се наведува во честитката, се силни и претставуваат непоколеблива основа за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу нашите две земји.

- На овој значаен ден ја потврдуваме нашата поддршка за успешниот пат на Република Косово и изразуваме убедување дека нашата братска соработка ќе продолжи да се продлабочува во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, како и на унапредувањето на нашата заедничка евроатлантска агенда. Честит Денот на независноста на Република Косово! - посочува Гаши во честитката. фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан