• среда, 24 декември 2025

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени

Скопје, 23 декември 2025 (МИА) - Во Кино „Фросина“ во МКЦ денеска со почеток во 18:30 часот ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележувањето на јубилејот – 15 години од формирањето и активната работа на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Настанот е од хуманитарен карактер, а сите прибрани донации ќе бидат наменети за Интервентниот женски фонд, кој обезбедува директна поддршка за жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина.

Националната мрежа обединува 25 организации членки и веќе 15 години активно работи на препознавање, превенција и заштита од родово базирано насилство, вклучително и семејно насилство и фемицид, како и на застапување на правата и интересите на жртвите.

Донација за Интервентниот женски фонд може да се оствари преку купување билет за настанот. дма/сст/

Фото: Лого

Остани поврзан