• четврток, 26 март 2026

Хрватскиот селектор не доби засилување во стручниот штаб

Хрватскиот селектор не доби засилување во стручниот штаб

Загреб, 5.март 2026 (МИА) – Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ за Светското првенство ќе остане без засилување во стручниот штаб. Тој планираше покрај него да биде и Домагој Вида, но фудбалерот го одбил повикот.

Како што пренесуваат хрватските медиуми 36-годишниот фудбалер има донесено одлука да ја продолжи кариерата. Тој по завршување на сезоната ќе остане без клуб и неизвесно е каде ќе ја продолжи кариерата. Вида сезонава го носи дресот на грчки АЕК од Атина.

Селекторот на Хрватска останува со актуелните асистенти: Ведран Ќорлука, Дражен Ладиќ, Марјан Мрмиќ и Данијел Субашиќ. Далиќ планира уште еден асистент и како можно има се споменува Милан Бадељ.

Хрватска на Мундијалот е во група со: Англија, Панама и Гана. На Светското првенство во Катар Хрватска го освои третото место, додека на Мундијалот во Русија беше финалист. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан