• среда, 18 март 2026

Хилари Клинтон: Не знаев за злосторствата на Епстин

Хилари Клинтон: Не знаев за злосторствата на Епстин

Вашингтон, 26 февруари 2026 (МИА) – Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, на денешното сослушување во Конгресот, изјави дека не знаела за злосторствата на Џефри Епстин и Гилејн Максвел.

- Немав поим за нивните криминални активности. Не се сеќавам дека некогаш сум го сретнала господинот Епстин, наведе Хилари Клинтон во воведниот говор, што го сподели на социјалните мрежи.

Таа и претходно изјави дека нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон патувал со Епстин на добротворни настани, а таа не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот, осуден сексуален престапник. Хилари призна дека била во контакт со поранешната девојка и блиска соработничка на Епстин, Максвел, која присуствуваше на свадбата на нивната ќерка Челси Клинтон во 2010 година.

За утре е закажано сослушувањето на Бил Клинтон. Првпат поранешен претседател ќе сведочи пред Конгресот.

Хилари и Бил Клинтон првично одбија да сведочат, но подоцна попуштија откако пратениците се обидоа да ги обвинат за непочитување на Конгресот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан