• сабота, 18 април 2026

Хамилтон: Се трудиме да напредуваме, но Мерцедес и натаму има предност

Хамилтон: Се трудиме да напредуваме, но Мерцедес и натаму има предност

Сузука, 26.март 2026 (МИА) – Возачот на Ферари Луис Хамилтон сезонава има 33 бодови откако првата трка во Австралија ја заврши на четвртото место, а во Кина има подиум (трето место). Притоа истакна дека тој и неговиот болид се подготвени сезонава.

-  Не сум изгубил, она што го имав. Чекор по чекор, се трудиме да напредуваме, но Мерцедес и натаму има предност. Заостануваме и се трудиме тоа да го намалиме и сигурно ќе дадеме се од себе, изјави Хамилтон на прес-конференција

Хамилтон максимално работи за следната трка која ќе биде возена овој викенд за Големата Награда на Јапонија на 29.март. Хамилтон е инаку седумкратен шампион во формула 1. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан