Хаверц ќе го пропушти дербито со Тотенхем поради повреда
- Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Каи Хаверц, заработи повреда на мускулот и веројатно ќе биде надвор од теренот неколку недели.
Лондон, 12 февруари 2026 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Каи Хаверц, заработи повреда на мускулот и веројатно ќе биде надвор од теренот неколку недели.
Како што објави новинарот Дејвид Орштајн на социјалната мрежа „X“, 26-годишниот Германец ќе ги пропушти натпреварите против Брентфорд, Виган (во ФА Купот), Вулверхемптон и Тотенхем.
Играчот се врати во тимот на „топџиите“ минатиот месец по повреда на коленото и играше во последните четири натпревари.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, исто така нема да може да смета на услугите на Микел Мерино, Мартин Едегард, Букајо Сака и Макс Дауман поради повреда. зс/
Фото: ЕПА