• среда, 15 април 2026

Фицо под истрага за предавство и други кривични дела

Фицо под истрага за предавство и други кривични дела

Братислава, 26 март 2026 (МИА) – Лидерот на словачката опозициска партија Слобода и солидарност, Бранислав Гролинг изјави дека полицијата води истрага против премиерот Роберт Фицо за предавство и други кривични дела.

- Пред еден месец поднесов жалба против Фицо за предавство и други кривични дела. Покрај моите колеги од Слобода и солидарност, на оваа жалба се придружија над 13.00 луѓе, што ја прави најголема во историјата, посочи Гролинг.

Претставниците на Слобода и солидарност поднесоа неколку жалби до Генералното обвинителство на крајот на минатиот месец. Според нив, Фицо направил бројни прекршоци со своите изјави и дејствија насочени кон запирање на снабдувањето со така наречена итна електрична енергија за Украина.

Гролинг истакна дека Фицо е осомничен за злоупотреба на јавна функција, предавство, нехумани дела, прекршување на должностите во управувањето со доверен имот и терористички напад. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан