• петок, 05 јуни 2026

Фестивал на детски мјузикли

Фестивал на детски мјузикли

Скопје, 30 мај 2026 (МИА) - Под покровителство на Град Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“трет пат го организира Фестивалот на детски мјузикли што ќе се одржи од денеска до 1 јуни во кино „Фросина“.

Фестивалот почнува во 19:00 часот со мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ што ќе се изведе премиерно, препеан на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјузикли Бродвеј Јуниор од Скопје, под раководство на Наташа Јанкова.

-Целта на овој фестивал е да се афирмира мјузиклот како музичка форма која опфаќа пеење, глума и танц, да се негуваа вокалната техника кај децата и да се едуцира младата популација за вреднување на сопствените културни вредности од областа на детските мјузикли. Мјузиклот е музичко - сценско дело во кое актерите пеат и танцуваат. Овој фестивал нуди живи изведби од светски познати детски приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот. Овој фестивал е наменет за деца и млади кои поседуваат исклучителен талент за пеење, глума и танцување. Низ серија аудиции се избираат талентирни деца и млади за учество во детски мјузикл кој е препеан на македонски јазик од Весна Малинова, велат од ДКЦ „Карпош“. 

За публиката која нема да има можност да го гледа мјузиклот „Убавицата и ѕверот денеска, ќе може да го погледне утре, исто така, од 19:00 часот. На 1 јуни од 12:00 часот ќе биде изведен мјузиклот ,„Петар Пан”, кој ќе биде изведен на англиски јазик, од учениците од Интернационалното QSI од Скопје. сст/мч/

Фото ДКЦ Карпош

Остани поврзан