• петок, 18 септември 2026

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 24 август 2026 (МИА) - Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот - информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје денеска попладне и утре во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. вј/са/

Фото: МИА архива