Утре и задутре симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
- Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре од 15 часот и задутре од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре од 15 часот и задутре од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.
Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.
Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе се слушаат и звуци на користење огнено оружје. дма/вј/
Фото: МВР