• среда, 15 април 2026

Убедлив пораз на младите македонски фудбалери од Италија

Убедлив пораз на младите македонски фудбалери од Италија

Емполи, 26.март 2026 (МИА) – Младата македонска фудбалска репрезентација (до 21 година) претрпе нов пораз во квалификациите од групата Е од селекцијата на Италија во Емполи со 4:0. По седум натпревари македонски национален тим остана на една победа и на петтото место на табелата.

Домаќинот Италија поведе по три минути игра со голот на Шер Ндур. На стартот од вториот дел противникот за две минути постигна два гола, а стрелци беа Лука Липани (49.минута) и Џеф Ехатур (50.минута). Конечните 4:0 ги постави Сејду Фини во 86.минута од пенал.

Во следното коло македонската репрезентација до 21 година го игра на 31.март против Ерменија на гости, која е последнопласирана во групата. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан