• сабота, 19 септември 2026

Уапсено лице од Удово, поседувало ловечка пушка без дозвола

Уапсено лице од Удово, поседувало ловечка пушка без дозвола

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Полициски службеници вчера попладне, во 18:45 часот, во валандовското село Удово, го лишија од слобода И.Л.(37) од истото село.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола.

За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. мч/дма/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа