ТФТ и Маџари го стартуваат плеј офот кај кошаркарите
- – Екипите на ТФТ и Маџари со вечерашниот дуел од полуфиналето ја стартуваат плеј оф серијата во борбата за шампионската титула кај кошаркарите
Скопје, 4.мај 2026 (МИА) – Екипите на ТФТ и Маџари со вечерашниот дуел од полуфиналето ја стартуваат плеј оф серијата во борбата за шампионската титула кај кошаркарите. Ова е првиот натпревар од оваа полуфинална двојка и ќе се игра вечерва од 20 часот во салата „Лазар Лечиќ“ (поранешен Градски парк). Вториот дуел од оваа серија ќе се игра на 12.мај, а евентуланта мајсторка од 16-18.мај.
Ваквиот распоред е поради настапот на екипата на ТФТ против Борац Чачак за влез во АБА лигата и натпреварите кои ги играат на 7.мај (Чачак) и 10.мај (Скопје).
Второто полуфинале меѓу првакот МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе почне на 6,мај (среда) со натпревар во Скопје. Натпреварот број 2 ќе се игра на 9 или 10.мај во Битола, а евентуалната мајсторка на 13.мај во Скопје.
Победниците ќе играат во финалето кое ќе се игра во серија (2-2-1), а ќе стартува на 20.мај и евентуалната мајсторка би се играла на 3.јуни. мн/
Фото: МКФ