Тухел не планира да го стави во игра Белингам на средбата со Јапонија
- Селекторот на Англија, Томас Тухел, објави дека не планира да го стави во игра фудбалерот од средниот ред Џуд Белингам на пријателскиот натпревар против Јапонија.
Лондон, 31 март 2026 (МИА) – Селекторот на Англија, Томас Тухел, објави дека не планира да го стави во игра фудбалерот од средниот ред Џуд Белингам на пријателскиот натпревар против Јапонија.
Дваесет и двегодишниот играч на Реал закрепнуваше од повреда на тетивата што го остави во солзи на почетокот на февруари. На 22 март, тој влезе како замена во победата од 3:2 над Атлетико Мадрид.
- Мислам дека е преголем ризик да се стави Белингам на теренот. Јас сум наклонет кон тоа тој да не игра. Сите имаа корист од тоа што беше дел од тимот. Тој тренираше добро, но учествуваше како неутрален играч. Не беше 100 проценти вклучен во тренингот. Сè изгледаше многу, многу добро, но ние сè уште го заштитуваме за да избегнеме какви било ризици. Тоа е повреда на мускулот, многу специфична, и апсолутно не сакаме да се повтори во овој момент од сезоната. И беше многу добро за него да биде во кампот. Беше фантастичен, но јас сум наклонет кон тоа тој да не игра, изјави Тухел за „Би-би-си“.
Белингам постигна шест гола и имаше десет асистенции во 46 настапи за својата земја.
Англија и Јапонија ќе играат во Лондон на 31 март. зс/
Фото: ЕПА