Турк апелира за деескалација во Тигреј „пред да биде предоцна“
- Високиот комесар за човекови права, Фолкер Турк денеска ги повика двете страни во конфликтот во северната етиопската држава Тигреј да преземат итни мерки за „деескалација“ на судирите
Женева, 10 февруари 2026 (МИА) – Високиот комесар за човекови права, Фолкер Турк денеска ги повика двете страни во конфликтот во северната етиопската држава Тигреј да преземат итни мерки за „деескалација“ на судирите.
- Сите страни мора да вложат заеднички и одржлив напор, со поддршка на меѓународната заедница, да работат на намалување на тензиите пред да биде предоцна, посочи Турк.
Во Тиграј, кон крајот на минатиот месец, избувнаа нови борби меѓу федералната армија и бунтовниците. Со тоа е загрозен мировниот договор постигнат во ноември 2022 година, по речиси две години судири помеѓу владините сили и Народноослободителниот фронт на Тигреј (ТПЛФ), кои бараа поголема автономија. Конфликтот набрзо се прошири прелеа во соседните региони Амхара и Афар, во кој според процените на Африканска Унија загинаа најмалку 600.000 луѓе. ми/
фото: МИА архива