• среда, 08 април 2026

Тројца загинати од урнато дрво во шума во северна Германија

Тројца загинати од урнато дрво во шума во северна Германија

Хамбург, 5 април 2026 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а неколкумина се поврдени денеска откако врз нив паднало дрво во шума во близина на северниот германски град Фленсбург, пренесува ДПА.

Настраданите во моментот на несреќата барала велигденски јајца во шумата, што е обичај во тој дел на Германија за Велигден. 

Германската метеоролошка служба соопшти дека временските услови на северот од земјата денеска биле лоши со силен ветер што дувал и до 80 километри на час.са/

Фото: ДПА

Остани поврзан