Тројца загинати во хеликоптерска несреќа на рускиот далечен исток
- Приватен хеликоптер „Робинсон“, кој исчезнал од радарите претходно во текот на денот, е пронајден без преживеани, соопштија денеска властите на регионот Амур.
Москва, 21 феваруари 2026 (МИА) - Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во регионот Амур на далечниот исток на Русија, пренесува „Анадолија“.
Приватен хеликоптер „Робинсон“, кој исчезнал од радарите претходно во текот на денот, е пронајден без преживеани, соопштија денеска властите на регионот Амур.
- Потрагата по хеликоптерот што исчезна во областа Ромненски е завршена во регионот Амур. За време на операцијата за пребарување и спасување, пронајдени се местото на несреќата и телата на три жртви, се вели во соопштението.
Властите изразија сочувство до семејствата и блиските на жртвите.
Покрената е истрага за околностите на несреќата.
Причината за несреќата не е соопштена. Сепак, Обвинителството за транспорт на Источен Сибир во посебна изјава соопшти дека е утврдено оти хеликоптерот му припаѓал на починатиот пилот, кој немал дозвола за управување со леталото.
Исто така, се наведува дека хеликоптерот не бил официјално регистриран во согласност со пропишаните процедури.са/
Фото: принтсксрин