Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
- Тие се јавуваат, прашуваат: Како можеме да постигнеме договор? Јас реков: Малку доцните, посочи Трамп, додавајќи дека САД во моментов повеќе од Иран сакаат да продолжат да се борат, истакна Трамп
Вашингтон, 6 март 2026 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се обидува да постигне договор со САД, но „малку е доцна за тоа“.
- Тие се јавуваат, прашуваат: Како можеме да постигнеме договор? Јас реков: Малку доцните, посочи Трамп, додавајќи дека САД во моментов повеќе од Иран сакаат да продолжат да се борат, истакна Трамп.
Тој најави дека американската армија, заедно со Израел, ги продолжува своите операции против Иран.
- Војската на САД, заедно со своите прекрасни израелски партнери, продолжува целосно да го уништува непријателот далеку пред предвидениот рок и на нивоа што не се видени досега, наведе Трамп. ми/сд/
фото: МИА архива