• петок, 15 мај 2026

Тиквички полнети со сирење

Тиквички полнети со сирење

Едноставно направени тиквички, безмесни и освежителни.

 

         Состојки:

  • 5 парчиња тиквички
  • 300 грама кравјо сирење
  • 100 грама пармезан
  • 2 големи лажици павлака
  • 100 грама салама (пилешки гради)
  • магдонос
  • 3 јајца
  • сол, бибер
  • масло

Подготовка:

Ставете ги тиквичките во тенџере со врела вода да зоврие малку (само 2-3 минути). Подгответе длабок сад со ладна вода во кој ќе ги ставите топлите тиквички.Направете засек по должина (околу 1/3 од ширината на тиквичките), извадете ја внатрешноста на тиквичките (исечете ги на мали коцки) и оставете ги да се исцедат од водата.Изматете ги јајцата, изрендајте сирење, додадете павлака, сецкан магдонос и зачини. Внатрешноста на тиквичките запржете ја во маслото, додадете ја саламата и пржете ја смесата заедно додека не се исцеди целата течност. Додадете ја оваа смеса во смесата со сирењето и измешајте. Наполнете ги тиквичките со филот, кога ќе бидат готови прелијте ги со една лажица масло и пармезан и печете на 200 степени околу 20 минути додека не добијат боја.

 

Фото:Magnific

Остани поврзан