• понеделник, 09 март 2026

Техеран се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи да ја напаѓа иранската енергетска инфраструктура

Техеран се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи да ја напаѓа иранската енергетска инфраструктура

Техеран, 8 март 2026 (МИА) - Иранската армија денеска се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи со нападите врз енергетската инфраструктура на Исламската Република.

- Владите на исламските земји мора што поскоро да ја предупредат криминалната Америка и дивјачкиот ционистички режим против ваквите кукавички и нечовечки постапки. Во спротивно, ќе бидат преземени мерки во регионот. И ако можете да си дозволите нафта по цена од над 200 долари за барел - продолжете со оваа игра, соопшти Централниот штаб на Хатам ал-Анбија, поврзан со Корпусот на Исламската револуционерна гарда.са/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан