• петок, 18 септември 2026

Техеран апелира до Меѓународниот комитет на Црвениот крст за ослободување на тројца ирански пилоти задржани во Катар

Техеран апелира до Меѓународниот комитет на Црвениот крст за ослободување на тројца ирански пилоти задржани во Катар

Техеран, 15 август 2026 (МИА) – Генералштабот на вооружените сили на Иран соопшти дека испратил писмо до Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) со барање да помогне во ослободувањето на тројца ирански пилоти кои, според тврдењата на Техеран, се задржани во Катар.

Во писмото, кое го објави иранската полуофицијална новинска агенција Фарс, се наведува дека пилотите биле задржани откако нивните авиони биле соборени за време на воена мисија изведена во март годинава против, како што ја нарекува Техеран, „непријателска воена база“ на територијата на Катар.

Катарските власти досега официјално го немаат потврдено овој инцидент. ссм/

фото: архива