• петок, 18 септември 2026

Телото на 71-годишен скопјанец извлечено од Преспанско Езеро

Телото на 71-годишен скопјанец извлечено од Преспанско Езеро

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар вчера во 13:15 часот од Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор, го извлекла телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, откако тој  три дена претходно исчезнал во водите.

МВР денеска соопшти дека на 8 август околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено  дека М.М., кај ресенското село Сливница, скокнал од чамец во езерото по веслата кои му паднале. 

Увид извршила екипа на СВР Битола - ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција. хс/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа