• четврток, 25 декември 2025

„Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија" во МКИЦ во Софија

„Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија

Скопје, 19 декември 2025 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот ќе се одржи настанот „Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија" со  учество на актерот и режисер Васил Михаил и гитаристот Слободан Боби Ѓошиќ.

-Тие пред публиката ќе претстават избрана македонска поезија и ќе ја претстават во форма на поетски театар, соопшти МКИЦ-Софија.

Васил Михаил (1979, Струмица) актерското образование го завршил на НАТФИЗ „Крсто Сарафов" во Софија, во 2001 година. Специјализирал во повеќе театарски области, а во 2020 година магистрирал филмска режија во Скопје.

-Најпознат е како актер, но неговата кариера е проткаена и со бројни режии и драмски текстови и сценарија. Добитник е на повеќе награди дома и во странство, наведува Центарот во најавата на настанот. 

Слободан Боби Ѓошиќ (1976, Гевгелија) дипломирал во Штип на ФМУ отсек џез музика - гитара. Магистерски  студии завршил во класата на проф. Антонијо Китановски.

-Работи во НУЦК ,,Антон Панов" - Струмица во секторот за  музичко-сценска дејност. Свири класична, џез и македонска традиционална музика, како и чалгиска,  каде што користи и сопствени аранжмани, се додава во соопштението на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. хс/аа/ 

Фото: Македонски културно-информативен центар во Софија

Остани поврзан