• понеделник, 16 март 2026

Суданските паравоени сили убија најмалку 28 лица во Дарфур

Суданските паравоени сили убија најмалку 28 лица во Дарфур

Дарфур, 24 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 28 лица беа убиени во напад на суданските паравоени сили врз упориштето на племенски водач во Дарфур.

Мрежата на судански лекари објави дека вчера паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) извршија рација во градот Мистерика во државата Северен Дарфур во регионот Дарфур.

Градот е упориште на арапскиот племенски водач Муса Хилал, кој исто така потекнува од арапското племе Ризејгат, како и повеќето членови на РСФ.

Во нападот се ранети најмалку 39 лица, вклучувајќи 10 жени.

Војната во Судан избувна во 2023 година кога ескалираа тензиите меѓу суданската армија и ривалските сили од РСФ. Илјадници луѓе беа убиени, милиони беа раселени и се случи една од најголемите хуманитарни кризи во светот. Хуманитарните работници често беа цел на напади.сд/рп/

Фото:МИА архива

Остани поврзан