• среда, 15 април 2026

Најмалку 28 цивили убиени во напади со дронови во Судан

Најмалку 28 цивили убиени во напади со дронови во Судан

Картум, 26 март 2026 (МИА) - Два напади со дронови во регионите Дарфур и Кордофан во Судан убија најмалку 28 цивили вчера, соопштија медицински лица.

Еден од нападите бил насочен кон пазар во градот Сараф Омра, во покраината Северен Дарфур, при што загинале 22 лица, изјавил локален болнички службеник.

Друг напад запалил камион на пат во Северен Кордофан. Шест лица биле убиени, изјавил извор од локалната болница. мс/ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан