Средношколци од Нови Сад во посета на Општина Маврово и Ростуше
- Градоначалникот Онер Јакупоски им посака топло добредојде на гостите, кои во рамките на заеднички проект престојуваат во нашиот регион другарувајќи со своите врсници од СОУ „Маврово - Ростуше“, информираа од секторот за односи со јавноста.
Дебар, 1 април 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше денеска Дебар, 1 април 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше денеска беше домаќин на група ученици од гимназијата „Живорад Јанковиќ“ од Нови Сад, Република Србија, во рамки на проект за пријателство, солидарност и меѓународна соработка.
- Градоначалникот Онер Јакупоски им посака топло добредојде на гостите, кои во рамките на заеднички проект престојуваат во нашиот регион другарувајќи со своите врсници од СОУ „Маврово - Ростуше“, информираа од секторот за односи со јавноста.
Додаваат дека престојот на младите од Нови Сад е дел од иницијативата за промоција на пријателството и солидарноста, каде преку директна дружба тие разменуваат искуства и ги зајакнуваат меѓусебните врски. беше домаќин на група ученици од гимназијата „Живорад Јанковиќ“ од Нови Сад, Република Србија, во рамки на проект за пријателство, солидарност и меѓународна соработка.
- Градоначалникот Онер Јакупоски им посака топло добредојде на гостите, кои во рамките на заеднички проект престојуваат во нашиот регион другарувајќи со своите врсници од СОУ „Маврово - Ростуше“, информираа од секторот за односи со јавноста.
Додаваат дека престојот на младите од Нови Сад е дел од иницијативата за промоција на пријателството и солидарноста, каде преку директна дружба тие разменуваат искуства и ги зајакнуваат меѓусебните врски.

За време на приемот, градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски ги запозна гостите со начинот на функционирање на локалната самоуправа и административната структура на општината, како и со природните богатства и културно историски споменици со кои располага овој крај.
Посебен акцент беше ставен на природните реткости и убавини на нашиот крај. Градоначалникот ги поттикна учениците да ја истражат Општина Маврово и Ростуше, потенцирајќи дека ваквите предели се инспирација за секој млад човек кој ја негува љубовта кон природата.
„Ви посакувам да понесете најубави спомени од нашиот крај и ова пријателство со вашите домаќини од Ростуше да трае со години.
Општината секогаш ќе поддржува проекти кои ги зближуваат младите од регионот” порача градоначалникот Јакупоски.

Покрај другите активности беше одржана работилница насловена "Архитекти на пријателството: Градиме мост од Радика до Дунав", цртање мурал насловен"Peace colors the world" а младите посетија два историско- верски објекти џамија и познатиот Бигорски манастир. вт/нд/
Фото: Општина Маврово и Ростуше