• четврток, 16 април 2026

Средношколски дијалог со претседателката

Средношколски дијалог со претседателката

Скопје, 26 март 2026 (МИА) - Во организација на Советот за млади при Кабинетот на претседателката денеска во Вила „Водно“ ќе се одржи настан со наслов „Средношколски дијалог со претседателката“. 

На настанот ќе учествуваат ученици од средно образование, кои заеднички со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе разговараат на повеќе теми, кои директно ги засегаат младите: чувството на безбедност како во училиштата така и надвор од нив, медиумската писменост, зависностите и предизвиците со кои се соочуваат средношколците денес. дма/вг/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан